Pharmanova може да ги понуди следните услуги во доменот на услужно производство:
- производство на течни производи и нивно пакување во шишиња со различен формат-сирупи, раствори (орални и за надворешна употреба), капки за орална употреба, капки и спреј препарати за нос
- производство на креми гелови и масти и пакување во туби и кутии со различен волумен
- производство на гранулати (мешање на прашоци, влажна гранулација) и полнење во тврди капсули
- блистирање
- пакување на капсули и таблети во контејнери секундарно пакување
Наша цел е пазарот да не препознае како доверлив партнер кој нуди квалитетна и целосна услуга на производство со оптимални трошоци.
Производите на Pharmanova се изработуваат во модерен производен објект, проектиран и изграден во согласност со насоките за Добра производна пракса, во кој најголемо внимание се посветува на обезбедување на квалитетот. Нашите капацитети овозможуваат производство на цврсти (капсули), полуцврсти (креми, масти и гелови) и течни (сирупи, капки) фармацевтски облици, во три одвоени производни погони. Современата и добро опремена лабораторија, со стручниот кадар, овозможува следење и мерење на квалитетот во сите фази на производството. Фабриката се наоѓа во Обреновац на околу 15 км од Белград.