circles

Работилници за Хронична Венска Инсуфициенција – Здружение на лекари Охрид

Понеделник, 29 Мај 2017 00:00

Во соработка со Здружение на лекари - Охрид, на 4 и 5 мај 2017 во Хотел Капри во Битола и во Хотел Тино во Охрид, Pharmanova организираше работилница со тема „Презентација на новини кај Хронична Венска Инсуфициенција (ХВИ)“.Најпрво ни се обрати прим. Др Киро Ѓоргиевски-трансфузиолог, за патологијата на ХВИ, а потоа Др. Игор Костов-васкуларен хирург, за дијагностика и третман на варикозни вени на долните екстремитети. Настаните беа повеќе од очекувано посетени, а заради големата распространетост на оваа болест присутни беа лекари од разни специјалности. На крај Pharmanova со кратка комерцијална презентација „Сеопфатен пристап во третман на ХВИ“,ги истакна предностите во третманот со производите од линијата Аварикон, и терапијските можности за поквалитетен живот на пациентите.

HVI Rabotilnici Ohrid