circles

Секција на Здружение на Физијатри на РМ

Понеделник, 29 Мај 2017 00:00

На 17 март 2017 Pharmanova учествуваше на Секција на Здружение на Физијатри на РМ, којашто се оджа во бањата Бањиште во Дебар. Најпрвин од домаќините - колегите физијатри, претставен е капацитетот, начинот на работа и услугите кои ги пружа ова наше најголемо банњско лечилиште. Колегите од Катедрата за Физикална Медицина и рехабилитација при Медицински Факултет Скопје потоа ги презентираа методите на лечење со термоминерална вода, опфаќајќи добар дел од индикации каде истите се користат со акцент на остеоартрози.

Фарманова се надоврза со своја комерцијална презентација за NEM, истакнувајќи ги предностите на производот, потврдени со бројни клинички студии коишто го потврдуваат неговиот брз ефект по само 10 дена од терапијата.