circles

Нефролошка Школа – Здружение на Интернисти

Понеделник, 29 Мај 2017 00:00

На 10 и 11. март 2017, Pharmanova учествуваше на втората ултрасоногравска нефролошка школа со меѓународно учество “Нефро-уролошки крстосници во патологија на уринарен тракт”. Школата се одржуваше на Скопски саем и во просториите на НЕТ-ЕЛЕКТРОНИКС во Скопје, а беше организрана од страна на Здружение на интернисти на Македонија. Меѓу сесиите од исклучително квалитетни предавања од домашни и странски реномирани предавачи, Pharmanova се претстави со добро познатиот висококвалитетен уроантисептик докажан со голем број клинички испитувања УТИСЕПТ, посебно кај рекурентните уринарни инфекции проследени со голема стапка на рецидиви, предизвикани најчесто одбактеријата Еscherichia coli.