circles

кариера

Pharmanova е компанија во која се високи стандардите во поглед на квалитетот на работа. Почитување на законските услови во оваа област и професионалните стандарди , имаат за резултат јасно поставени цели за квалитет кои мораат да ги исполнат вработените. Патот до добра производна пракса и успешна продажба води преку добро организирана обука која е прва обврска на новопримените.

Ако сакаме да Ви претставиме лепеза на посакувани работни вредности која ги покрива различните процеси, таа би подразбирала:

  • Одговорност за квалитет
  • Систематичност
  • Дисциплина во процесот на техничките операции и контрола на квалитетот
  • Отвореност за развојните трендови, потребите на клиентите и спремност за унапредување на соработката
  • Креативност во процесите на маркетинг, продажба и развој
  • Посветеност на работата, компаниските цели
  • Професионалност и лојалност

Она што може да го истакнеме како наша предност е тимска работа и стручно усовршување на сите вработени. Можноста за развој на личнот потенцијал, овозможува брз развој на кариера на поединците со амбиции и стручно знаење.

Развој на кадри

Големиот број на стручни и искусни кадри, дава можност нововработените да имаат менторство кое на брз и квалитетен начин ги воведува во работата. Развојот на кадри се постигнува низ планирани обуки како со интерни така и со екстерни учесници. Програмите се дизајнирани според потребите на компанијата, со следење на параметрите на успех во реализација и ефектите во примена на знаењата.

 

НАШИОТ ТИМ

Работата во Pharmanova подразбира работа во мотивирачко работно окружување за способни и квалификувани поединци. Нашите вработени имаат можност и обврска за континуиран...

повеќе

ОТВОРЕНИ ПОЗИЦИИ

Ве повикуваме да проверите дали во моментот имаме отворен конкурс и пријавете се за вработување преку електронскиот образец во продолжение. Сите податоци кои ги доставувате при конкурирање се употребуваат...

повеќе

КОНКУРИРАЈТЕ

Pharmanova d.o.o. е работодавец кој овозможува еднаква шанса за вработување на кандидатите без разлика на раса, години, политичко определување, сексуална ориентација, брачен статус, верска и етничка припадност.

повеќе