circles

историја на pharmanova

 

1991 - 2006

pharmanova stari logoPharmanova е српска фармацевтска компанија основана 1991 година. Во текот на сите овие години се развивала во три правци – малопродажба (аптеки), големопродажба и производство. Сите три сегменти интензивно се развиваат во првите петнаесет години работење и во секој од нив се постигнати завидни резултати.

Потсетување на почетоците на Pharmanova, не враќа назад во 1991година кога во Батајница е отворена првата галенска лабораторија.

Само две години покасно (1993 години) започнува со вршење на веледрогериска дејност, која јакне во текот на следните години, со истовремено понатамошно развивање на сопствено производство.

Веќе 1996 година од галенската лабораторија на Pharmanova на пазарот се појавија првите препарати на база на лековити билки и од тогаш се бележи континуиран раст.

Компанијата во 2002 година добива дозвола за производство на генерички лекови, хербални и традиционални лекови, медицински средства, диететски и козметички производи, а после четири години (2006 година) регистрира сопствена контролна аналитичка и инструментална лабораторија.

 

2007 - 2013

Континуиран раст и унапредување на системот на производство и работење резултираа со одлични резултати во сите три сегменти. После деценија и пол од работењето основана е Здравствена Установа Pharmanova (ланец на аптеки). Веледрогеријата Pharmanova беше меѓу првите пет веледрогерии во Србија со 12% учество на пазарот, а најголема веледрогерија во приватна сопственост. Производите на Pharmanova, посебно хербалните лекови, станаа синоним за одредени области на употреба, а компанијата лиедер во нивното производство.

Сепак, Pharmanova носи стратешка одлука во иднина да се фокусира на производство, па идеен проект за изградба на нова фабрика во Обреновац се започнува уште во 2007 година. Одлучено е да се раздвојат аптеките, големопродажбата и производството, за компанијата покрај производството на хербални лекови, диететски производи и медицински средства да се насочи и кон производство на генерички лекови.

Во пролет 2008 година, веледрогеријата е издвоена од компанијата. Нејзиниот успех го препозна еден од најголемите европски дистрибутери ланци на фармацевтски производи – Phoenix Pharma, кој ја превзема веледрогеријата, а во кого Pharmanova гледа свој иден доверлив партнер. Исто така, ланецот на аптеки преоѓа во нов правен субјект - Pharma City.

Таа 2008 година почнува и изградбата на фабриката, која завршува во ноември 2008. Трансферот на производството од старите погони е започнат во 2008, кога фабриката во Обреновац почнува со работа.

Две децении успешно работење на домашниот и странските пазари Pharmanova одбележува во 2011 година.

2013 година благодарение на Pharmanova која на нашиот пазар го лансира Veregen® иновативно терапијско средство за лечење на генитални брадавици - кондиломи, Србија беше една од пет европски земји, покрај Германија, Австрија, Швајцарија и Шпанија, во која Veregen®  се употребува во тераписки цели.

 

назад

 

 

Epruvetice