circles

pharmanova

 

pharmanova 1

Pharmanova е српска, приватна фармацевтска компанија основана во 1991 година. Во текот на годините помина развоен пат од аптека во Батајница, преку деловен систем кој опфаќа мрежа на големопродажба и ланец на аптеки, до денешниот статус – еден од најголемите производители на лекови , медицински и диететски средства, во чиј состав е модерна фабрика која ги задоволува строгите стандарди на Европската Унија.

Фабрика

Производниот погон во Обреновац, кој е пуштен во употреба во декември 2008 година, изграден е по сите важечки принципи на Добрата Производствена Пракса.

Располагаме и со сопствена контролна лабораторија во која се извршуваат физичко-хемијски и микробиолошки анализи на појдовниот и паковниот материјал, меѓупроизводите, полупроизводите и готовите производи, како и контрола на амбиенталните услови во производството. Во оквир на контролната лабораторија е и лабораторијата за контрола на стабилноста.

Во фабриката и контролните лаборатории, кои се изградени и квалификувани во согласност со EUcGMP препораките, се врши производство и контрола на производите, како на нашта програма, така и услужно на трети лица.

Производи

Многу производи на Pharmnova станаа синоним за одредени области на употреба. Денеска нашата компанија има статус на лидер во производството и продажбата на хербални и традиционални лекови и диететски производи. Континуирано работиме на развој на производното портфолио – на иновативност и унапредување на квалитетот на постоечките и воведување на нови производи.

Во својот асортиман Pharmanova има и генерички лекови кои се употребуваат во лечење на косто-зглобните, кардиоваскуларните, гастроентеролошките заболувања и антибиотици. Плановите за проширување на асортиманот се многу амбициозни и очекуваме дека во следните години ќе го удвоиме бројот на регистрирани препарати.

 

 

pitaВработени

Pharmanova е компанија во која се високи стандардите во поглед на квалитетот на работење. Почитувањето на законските услови во оваа област и професионалните стандарди, имаат за резултат јасно поставени цели за квалитет кои вработените мора да ги исполнат.

Патот до добра производна пракса и успешна продажба води низ системска и добро организирана обука која е прва обврска на сите новопримени.

 

 

назад