circles

производство

 

pharmanova proizvodnja 1Pharmanova го започнува сопственото производство во 1996 година. Првите препарати од нашата производна програма – билни сирупи за деца – и денеска се препознатливи и омилени кај многу родители.

Од тогаш, Pharmanova своите производи ги развива во повеќе насоки:

  • билни и традиционални лекови
  • генерички лекови
  • додаци во исхраната
  • медицински средства
  • средства за општа употреба

Нашата определба да развиваме производство се гледа низ постојаните вложувања во производствените капацитети, следењето на трендови во производството и осовременување на просторот, опремата и знаењето.

Производствен погон
Денес во Pharmanova се произведува во модерен производствен објект, проектиран и изграден во согласност со насоките на Добрата производствена пракса, во кој најголемо внимание се посветува на обезбедување на квалитетот. Фабриката се наоѓа во Обреновац, на околу 15 км од Белград. Нашите капацитети овозможуваат производство на цврсти (капсули), полуцврсти (креми, масти, гелови) и течни (сирупи, капки) фармацевтски облици, во три одвоени производни погони.

Современата и добро опремена лабораторија, со стручен кадар, овозможува пратење и мерење на квалитет во сите фази на производство.

Дозволи и сертификати:

  • Дозвола за производство на лекови
  • Дозвола за производство на медицински средства
  • ISO 9001:2008 систем за менаџмент со квалитетот
  • HACCP систем за безбедност на храна
  • ISO 13485:2012 систем за менаџмент со квалитетот на медицинските уреди a

Контрола на квалитет a
Pharmanova располага со сопствена лабораторија за контрола на квалитетот, која ја чинат физичко-хемијска и микробиолошка лабораторија , како и лабораторија за контрола на стабилноста.
Стручениот и обучен кадар, современата опрема и добрата организација овозможија акредитација на лабораторијата во согласност со стандардот SPRS ISO/IEC 17025:2006.

Покрај контролата на квалитетот за сопствени потреби, лабораторијата за контрола на квалитетот врши и договорна контрола на квалитетот, , во согласност со обемот на својата акредитација. Освен тоа, Pharmanova може да понуди и услуги во доменот на услужното производство. Целта ни е да на пазарот бидеме препознаени како доверлив партнер кој нуди квалитетна и целосна услуга на производство, со оптимални трошоци.

 

назад

 

 

fabrika-obrenovac-eksterijer

Фабриката во Обреновац: Индустриска зона Обреновац, површина 21.000 m2, површина на објектот 3.100 m2