Гинкгобил®

Стандардизиран сув екстракт од лист
од Ginkgo biloba 80 mg Природна помош:
Во подобрување на когнитивните
способности
Во одржување на оптимална
периферна циркулација
За зачувување на нормална
функција на слух и вид

Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството. • Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребен совет од лекар. Меѓутоа, и покрај тоа, Гинкгобил® 80 Форте треба да го употребувате претпазливо (внимателно) за да Ви биде што повеќе од корист.

ШТО ПРЕТСТАВУВА И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД Гинкгобил® 80 Форте Гинкгобил® 80 Форте како активна супстанца содржи сув екстракт од лист од билката Ginkgo biloba во количина од 80 mg во една капсула. Екстрактот од лист од гинкго содржи бројни активни соединенија (флавоноидни хетерозиди, гинколиди и билобалиди) кои влијаат на флуидноста на крвта во микроциркулацијата. Со тоа се зголемува дотокот на кислород и хранливи материи во мозокот што е од посебна важност кај постари лица, но и кај сите лица кои имаат намален капацитет за нивно искористување. Употреба на гинкго се препорачува како нутритивна подршка во зачувување и подобрување на когнитивните способности и одржување на периферната циркулација, а може да се употребува и во состојби на умерена цереброваскуларна инсуфициенција. Употребата на Гинкгобил® 80 Форте може да допринесе кон нормалната функција на слухот и говорот.

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД Гинкгобил® 80 Форте Немојте да го употребувате граничниот производ Гинкгобил® 80 Форте: Гинкгобил® 80 Форте не смее да го користите: 1. Aко сте пречувствителни на екстракт од лист од гинкго или на која било компонента во состав на лекот 2. Ако сте дете помладо од 18 години 3. Ако сте имале хеморагија (крварење) Бидете посебно внимателни со граничниот производ Гинкгобил® 80 Форте: Не се препорачува на лица кои одат на хируршка интервенција и лица кои имаат ризик од крварење во мозокот. Препаратите од гинкго може да го продолжат времето на крварење, односно неопходна е претпазливост при земање на антикоагулантни лекови. Не смее да се пречекоруваат препорачаните дневни дози. Употреба со лекови и други медицински производи: Лица кои земаат некоја терапија треба да се посоветуваат со својот лекар пред употреба на препарат со гинкго. Земање на Гинкгобил® 80 Форте со храна или пијалок Досега нема никакви сознанија за влијанието на храната на делувањето на овој граничен производ. Бременост и доење Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост. Поради недоволен број на податоци за употреба во текот на бременоста и доењето, земањето на граничниот производ не се препорачува. Влијание врз способноста за управување моторно возило или ракување со машини Нема податоци за влијанието на Гинкгобил® 80 Форте врз способноста за возење или ракување со машини. Важни информации поврзани со некои од помошните компоненти во граничниот производ Гинкгобил® 80 Форте Нема податоци

КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД Гинкгобил® 80 Форте Секогаш употребувајте Гинкгобил® 80 Форте според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар. Возрасни: 2 пати на ден по една капсула во тек на јадење. Се препорачува континуирана употреба во тек на најмалку 3 месеци. Ако сте употребиле повеќе Гинкгобил® 80 Форте од препорачаното Ако сте земале поголема доза од производот отколку што би требало, веднаш разговарајте со вашиот лекар или фармацевт! Не земајте поголеми дози од препорачаните. Ако сте заборавиле да земете Гинкгобил® 80 Форте Никогаш не земајте дупла доза за да ја надоместите пропуштената доза. Ако сте заборавиле да земете доза, земете ја веднаш откако ќе се сетите, а потоа продолжете со земање на препаратот според упатството или според препораките. Ако наеднаш престанете да земате Гинкгобил® 80 Форте Не се очекуваат никакви посебни појави. МОЖНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА Како и сите медицински производи и Гинкгобил® 80 Форте може да има несакани дејства, иако истите не се јавуваат кај сите пациенти. Во поединечни случаи можат да предизвикаат несакани реакции како желудочни пречки, главоболка и алергиска реакција на кожата. Ако било кое од несаканите дејства стане тешко, или ако забележите некои несакани дејства кои не се наведени во ова упатство, ве молиме кажете му на Вашиот лекар или фармацевт.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Што содржи граничниот производ Гинкгобил® 80 Форте

Една капсула содржи: Стандардизиран сув екстракт од лист од гинкго (Gynkgo biloba folii extr.sicc.standardisatum, мин. 24% флавоноидни гликозиди од гинкго и мин. 6% терпени) 80 mg. Список на останати состојки: желатин, средства против згрутчување: микрокристална целулоза, талк, магнезиум-стеарат, силициум-диоксид, бои Е122, Е171, Е172 Како изгледа и што содржи пакувањето на граничниот производ Гинкгобил® 80 Форте Тврди желатински капсули со црвена боја исполнети со прашок со жолто-смеѓа боја. ПВЦ/Алу блистер со 10 капсули, 3 блистери во кутија.

Производител на граничниот производ Pharmanova d.o.o., Индустријска 8, Обреновац, Република Србија