Оестрофакт® E


Единствен извор на фитоестрогени

  • Им помага на жените со непријатни
    симптоми на менопауза:
  • топлотни бранови (валунзи)
  • зголемено потење
  • немир и нервоза

Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството. • Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребен совет од лекар. Меѓутоа, и покрај тоа, Oестрофакт® E треба да го употребувате претпазливо (внимателно) за да Ви биде што повеќе од корист. ШТО ПРЕТСТАВУВА И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД ОЕСТРОФАКТ® E Oестрофакт® E се употребува за ублажување на симптомите кои се јавуваат кај жените како резултат на падот на хормоните во периодот на менопаузата. Oестрофакт® E содржи изофлавоноиди, тнр. фитоестрогени, кои ја модулираат активноста на ендогениот естрогенот во организмот и на тој начин ги ублажуваат симптомите настанати како резултат на пад на хормоните во менопаузата. Витаминот Е содржан во препаратот манифестира антиоксидантско дејство.

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД OЕСТРОФАКТ® Е Немојте да го употребувате граничниот производ Oeстрофакт® Е Oестрофакт® Е не смее да го користите: 1. Ако сте пречувствителни на некои од состојките кои се во состав на препаратот, 2. Ако имате некое хормон-зависно заболување како што е: ендометриоза, естроген-зависни тумори на дојка, малигни тумори на јајници, 3. За време на бременоста или доењето. Бидете посебно внимателни со граничниот производ Oeстрофакт® Е: Овој препарат содржи бои Azorubine (E122), Titanium dioxide (E171), Red Iron Oxide (E172) кои можат да предизвикаат алергиски реакции. Употреба со лекови и други медицински производи Треба да се избегнува истовремена примена на препаратот Oeстрофакт® Е со орални контрацептиви, тамоксифен, естрогенски и прогестеронски препарати заради можна интеракција на изофлавоидите со хормоните. Треба да се избегнува употреба на лекови кои влијаат на коагулацијата на крвта и тромбоцитната агрегација. Земање на Oeстрофакт® E со храна или пијалок Нема податоци Бременост и доење Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост. Не се препорачува употреба на препаратот Oестрофактt® E за време на бременост или во текот на доењето. Влијаније врз способноста за управување моторно возило или ракување со машини Нема податоци за влијание на препаратот на управување со моторни возила и ракување со машини. Важни информации поврзани со некои од помошните компоненти во граничниот производ Oестрофакт® E Доколку постои позната алергија на некои од наведените помошни материи, не го земајте препаратот. Препаратот содржи бои Azorubine (E122), Titanium dioxide (E171), Red Iron Oxide (E172).

КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД OЕСТРОФАКТ® E Лекот е наменет за употреба кај возрасни. Се препорачува употреба на 1-2 капсули дневно во текот на јадење. капсулиАко сте употребиле повеќе Oeстрофакт® E од препорачаното Ако сте земале поголема доза од лекот отколку што би требало, веднаш разговарајте со вашиот лекар или фармацевт! Не земајте поголеми дози од препорачаните. Ако сте заборавиле да земате Oeстрофакт® E Никогаш не земајте дупла доза за да ја надоместите пропуштената доза. Ако сте заборавиле да земете доза, земете ја веднаш откако ќе се сетите, а потоа продолжете со земање на препаратот според упатството или според препораките. Ако наеднаш престанете да земате Oeстрофакт® E Не се очекуваат никакви посебни појави. МОЖНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА Како и сите медицински производи и Oестрофакт® E може да има несакани дејства, иако истите не се јавуваат кај сите пациенти. Нема податоци за појавување на несакани дејства за време на употребата на препаратот во препорачаните дози. Во многу ретки случаи можат да се јават главоболка, мускулна болка, мачнина и осип. Кај лица алергични на било која од компонентите на препаратот можна е појава на алергија. Ако било кое од несаканите дејства стане тешко, или ако забележите некои несакани дејства кои не се наведени во ова упатство, ве молиме кажете му на Вашиот лекар или фармацевт.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Што содржи граничниот производ Oeстрофакт® E

Една капсула содржи: Активни супстанции: Стандардизиран сув екстракт од црвена детелина со најмалку 40% изофлавони (Trifolium pratense herbae extractum siccum standardisatum) 50 mg (20 mg вкупни изофлавони); Витамин Е (токоферол ацетат) 18 mg. Список на останати состојки: Желатин; средства против згрутчување: микрокристална целулоза, талк, магнезиум стеарат, силициум диоксид; бои Е122, Е171, Е172. Како изгледа и што содржи пакувањето на граничниот производ Oeстрофакт® E Oeстрофакт® Е капсулата е дводелна, тврда желатинска капсула. Една половина е светло розева, а другата црвена боја. Производот содржи 50 капсули (5 ПВЦ/Алу блистер со 10 капсули), со упатство за пациенти.

Производител на граничниот производ Pharmanova d.o.o. Индустријска 8, 11500 Обреновац, Република Србија

100 %

Безбеден шопинг

До 48 часа

на вашата домашна адреса

100 %

Безбеден шопинг

До 48 часа

на вашата домашна адреса