circles

диететски суплементи

Диететските суплементи (додатоци во исхрана) се производи кои ја дополнуваат нормалната исхрана и претставуваат концентрирани извори на витамини, минерали или други супстанци со хранлив или физиолошки ефект, поединечно или во комбинација. Во промет се како дозирани облици, дизајнирани да се земаат во одмерени поединечни количини (капсули, таблети, кесички прашок, течност во ампули, шишенца за дозирање во капки и др.).

Диететските суплементи не може да бидат замена за правилна и уравнотежена исхрана. При изборот на диететскиот суплемент препорака е корисникот да се посоветува со фармацевтот или лекарот.