circles

DuoBiotic®

Помош кај здрава цревна флора

dubotiotik 3d novo ПРОБИОТИК + ПРЕБИОТИК

• Висока концентрација на пробиотик
• Влијае на воспоставување на баланс кај цревната микрофлора
• Помага во регулирање на работата на цревата и варењето

DuoBiotic® содржи пробиотик и пребиотик. DuoBiotic® капсулите се добиваат со патентиран процес на микроенкапсулација на квасна култура, која овозможува максимална заштита на Saccharomyces boulardii од желудочните киселини, голема биорасположливост на живите микроорганизми во цревата и постигнување на брз ефект. DuoBiotic® содржи пробиотска култура на Saccharomyces boulardii која е, за разлика од другите бактериски култури кои најчесто се користат како пробиотици, природно отпорна на киселата средина на желудникот. Пребиотиците не се живи микроорганизми, туку несварливи јаглехидрати и служат како храна на ʺдобритеʺ бактерии во дебелото црево. Пребиотиците се од растително потекло и овозможуваат подобар раст и поголема активност на корисните бактерии. DuoBiotic® се препорачува за возрасни и деца постари од 3 години: кај нарушувања на цревната функција, кај лица со лоши навики во исхраната, лица под постојан стрес. DuoBiotic® ја подобрува цревната функција и го регулира варењето, помага во одржување на здрава цревна микрофлора и повторно го воспоставува природниот состав на нарушената микрофлора, учествува во јакнењето на имунитетот и поволно влијае на здравјето на организмот.

Состав: една капсула содржи 5 милијарди живи пробиотски култури од квасец  Saccharomyces boulardii  и 250 mg  пребиотик инулин.

Пакување: 10 капсули

Начин на употреба: возрасни и деца постари од 3 години, 1 до 2 капсули дневно