circles

Magnezijum 300 Direkt

Магнезиум со иновативна формулација за употреба без додавање на течност

Magnezijum-300-DirektДИРЕКТЕН УДАР НА СТРЕСОТ, ГРЧЕВИТЕ И БОЛКАТА ВО МУСКУЛИТЕ

Магнезиум 300 Директ како помош:

• Кај појава на грчеви и болка во мускулите
• Во состојба на стрес, напнатост и исцрпеност
• Во периодот на бременоста и доењето
• Кај појава на главоболка, мигрена, ПМС и болни менструации
• За ублажување на срцеви тегоби и аритмии, а посебно кај лица кои земаат диуретици како терапија
• Во терапија на дијабетес тип 2, како и во превенција и дополна на терапијата на остеопороза
• Кај зголемен психофизички напор

Магнезиумот е минерал кој е многу важен за одржување на добро здравје на нашиот организам-потребен е на срцето, нервите и мускулите. Магнезиумот учествува во работата на преку 300 ензими кои овозможуваат кои овозможуваат нормално одвивање на метаболичките процеси во организмот. Бидејќи нашиот организам не е во можност сам да произведува магнезиум, неопходно е негово редовно внесување со исхрана и суплементација. Дневните потреби за внес на магнезиум кај возрасни и деца над 12 години се од 300 до 400 mg (препорака на германското здружение за исхрана).
Конзумирањето на храна сиромашна со магнезиум, еднолична исхрана, стрес, спортски активности проследени со зголемено потење и голем физички напор, перекумерно земање на алкохол или хронични болести во постара животна доба (нпр.дијабетес) можат да доведат до дефицит на магнезиум до организмот.
Недостатокот на магнезиум се манифестира со зголемена склоност кон стрес, намалена способност за поднесување на оптеретувања и послаб имунитет.

Состав: една кесичка содржи 300 mg магнезиум во прав
Пакување: 20 кесички
Начин на употреба: една кесичка дневно да се растопи директно во устата, без додавање на течност