circles

Oestrofact® E

oestrofact 3dЗА МЕНОПАУЗА БЕЗ ТЕГОБИ

• Помага кај непријатните симптоми: бранови на топлина и зголемено потење, несоница, нервоза и срцебиење...
• Корисно дејство на фитоестрогените на коскеното ткиво
• Ја подобрува еластичноста, цврстината и влажноста на кожата и слузокожата
• Го штити срцето и крвните садови
• Антиоксидантно дејство

Oestrofact® E е производ од природно потекло, чиј двокомпонентен состав (црвена детелина и витамин Е) обезбедува максимален ефект кај проблемите во периодот на менопауза кај жените. Фитоестрогените од црвена детелина, го имитираат дејството на естрогените во организмот и така помагаат во регулација на пореметената хормонска рамнотежа на почетокот на менопаузата. Стандардизиран сув екстракт од црвена детелина (Trifolium pratense) претставува единствен извор на фитоестрогени, за разлика од некои други извори (соја и сл.) кој не носи ризик од генетски модификации.

Природната хормонска супституција на фитоестрогените е современ тераписки пристап во решавање на проблемите во преодното доба кај жените (пременопауза, менопауза и постменопауза). Со редовната употреба на Oestrofact® E очекуваните позитивни ефекти се јавуваат, во зависност од јачината на тегобите, дури по две недели, а оптимален ефект во повеќето случаи се постигнува по четири до пет недели континуирана употреба.

Oestrofact® E не влијае на појава на гојазност и претставува ефикасно и безбедно решение.

Состав: една капсула содржи: стандардизиран сув екстракт од црвена детелина (Trifolium pratense) со минимум 40% вкупни изофлавони 50мг и витамин Е  (Tocoferol acetat) 18мг.

Пакување: 50 капсули

Начин на употреба:
Во период на пременопауза: 1 капсула дневно со оброк
Во период на менопауза и постменопауза: 2 капсули дневно, наутро и навечер со оброк