circles

OsteoK2®

Единствена формулација за заштита на здравјето на коските и крвните садови

OsteoK2-kutijaЦВРСТИ КОСКИ ВО ЗРЕЛИТЕ ГОДИНИ

• зацврстува коски
• штити крвни садови

OsteoK2®   е единствена формулација која покрај калциум и витамин D3 содржи MenaQ7TM, патентиран  екстракт од јапонска ферментирана соја Natto, којшто содржи најголема количина на природен витамин К2. Калциумот е минерал неопходен за раст и зацврстување на коските, а витаминот D3 овозможува ресорпција на калциумот од цревата. Улогата на витаминот К2 во одржување на здравјето на коските, но и на крвните садови проучувана е во текот на последните две децении. Познато е и докажано дека витаминот К2  е неопходен за правилно искористување на ресорбираниот калциум и неговото потполно вградување во коските. Витаминот К2 спречува создавање на калцификати во крвните садови, ʼрскавицата и меките ткива, кои во најголема мера настануваат кај лица кои континуирано земаат суплементи со калциум и витамин D3. Витаминот К2 е неопходен за активација на протеините потребни за врзување на калциумот и негово правилно искористување – Osteokalcin и MatrixGla протеини. Доколку овие протеини не се активирани не можат да го врзат калциумот. Витаминот К2 делува како кофактор во процесот на активација  на протеинот Osteokalcin кој го врзува калциумот и потполно го вградува во хидроксиапатит-неоргански матрикс на коските. Додека активираниот MatrixGla протеин го врзува калциумот и го чисти од крвните садови и меките ткива. OsteoK2® се препорачува на сите лица во средно и старо животно доба, посебно кај жените, за цврсти и здрави коски и здрави крвни садови.

Состав: една таблета содржи 200 mg калциум, 22.5 µg витамин К2 (MenaQ7TM), 2.5 µg витамин D3 (100 IU)
Пакување: 60 таблети
Начин на употреба: возрасни-препорачан дневен внес е две таблети дневно, таблетите да се проголтаат со чаша вода за време оброк