Atensa за ден без стрес!
Atensa® е станардизиран исушен екстракт од толчник на шафран, потполно природен производ од врвен квалитет, кој што се користи како стабилизатор на расположението во стресни ситуации. Ефискасноста, безбедноста и подносливоста на активната компонента на Atensa® е докажана во 6 објавени клинички студии. Добитник е на шпански патент за терапевтска примена за расположение и за самиот процес на екстракција. Atensa® е додаток на исхраната, не предизвикува зависност, не успива и нема влијание на редовните активности, брзо дејствува и добро се поднесува.
Состав: стандардизиран екстракт (affron®), добиен од билката шафран (Crocus sativus) кој што содржи повеќе од > 3.5% биоактивни компоненти lepticrosalides®
Намена: помага при одржувањето на добро расположение, состојба на релаксираност, ментална и физичка благосостојба
Дозирање за возрасни: препорачана дневна доза 28mg (1 кесичка дневно). Содржината на кесичката да се растопи во устата.
Должина на траење на терапијата: 2 месеци
Арома на вишна
Пакување: 10 кесички
Танцувајте со стресот.
Едноставно е.
Стресот е неизбежен. Да се разболете од него е можно да се избегне.
Стресот има лоша репутација. Сепак, многу успешни луѓе живеат долго, а се изложени на секојдневен стрес. Како е тоа можно?
Истражувачите од Универзитетот Висконсин-Медисон, (2012.) објавиле студија на респектабилен примерок од 28.000 испитаници, која што требало да одговори на прашањето дали перцепцијата дека стресот влијае на здравјето е важна и дали е поврзана со прерана смрт.
Истражувачите, во текот на девет години ги посматрале стапките на смртност на примероци од 28.000 луѓе. Резултатите покажале дека многу стрес во нашите животи не е поврзано со прерана смрт доколку го прифатиме стресот и го доживуваме како пријател, а не како непријател. Меѓутоа, многу стрес и верувањето дека тоа влијае на нашето здравје го зголемува ризикот од прерана смрт за 43%.
Што би било советот?
Да го промение аголот на кој го гледаме стресот
Да го трансформираме стресот од ментална кочница во погонско гориво
Покрај вообичаените техники за надминување на стресот. Покрај вообичаените техники за надминување на стресот, дали уште нешто можеме да сториме за себе и да бидеме посмирени и да ја држиме главата над водата, кога ќе наиде изненадна бура?
Домашната компанија Pharmanova е во соработка со еминентна шпанска компанија која што направила висококвалитетен производ Atensa®direkt прашок,28mg, кој што има статус на додаток на исхраната. Активниот принцип е стандардизиран екстракт (Affron®), добиен од билка шафран (Crocus sativus) кој што содржи повеќе од > 3.5% биоактивни компоненти на lepticrosalides® . Шафранот се моментално во светот користи како еден од најпопуларните природни стабилизатори на расположението и конкретно овој стандардизиран екстрак Affron® го користи 1 милион луѓе во светот со цел одржување на позитивно расположение и подобрување на повремениот стрес и несоница. Шпанската компанија традиционално произведува органски одгледуван шафран, самиот процес на екстракција е патентиран ( AFF® ON Cool-Tech8), а Affron® е добитник на годишната награда NutraIngredients USA Awards 2020 за терапевтска примена за анксиозност предизвикана од стрес. Шест објавени клинички студии говорат за неговата ефикасност и безбедност. Atensa® не предизвикува зависност, не успива и не влијае на секојдневните активности. Брзо делува и добро се поднесува. Смирува и ја намалува напнатоста.
Се препорачува за возрасни лица кои што имаат стресен ден, кратки рокови за реализација, важни деловни состаноци, кај жени со симптоми на менопауза, пред испит, јавен настап, концерт…
