NЕМ капсули
Додаток на исхрана
За подобра подвижност на зглобовите:
jа обновува ‘рскавицата
го зајакнува сврзното ткиво
100% природен извор на активни супстанци
Состав:
Stratum Joint Mobility Matrix® (мембрана од лушпа од јајце во прав) 500mg
Останати состојки:
Желатин, средство против згрутчување магнезиум стеарат, боја Е171
Својства и дејство:
НЕМ®/NEM® капсули содржат мембрана од лушпа од јајце во прав којашто е природен
извор на протеини, природен глукозамин, природен хондроитин сулфат, природна
хијалуронска киселина, природен колаген тип I.
Мембраната од лушпа од јајце содржи идентични компоненти како и човековите
зглобови, така што претставува корисен извор на хранливи супстанци неопходни за
постојано обновување на ‘рскавицата и врзивното ткиво, одржување на целосниот
квалитет на здравјето на зглобната ‘рскавица и околните структури. Научните
испитувања потврдиле дека изолираната мембрана од лушпа од јајце може да помогне
во одржувањето на здравјето на зглобовите, така што земањето на препарати коишто ја
содржат се препорачува кај лица кои имаат тегоби со зглобовите проследени со болка,
отежнато движење, вкочанетост и намалена функција. Со редовно земање во текот на 7
до 10 дена, НЕМ®/NEM® капсулите можат да помогнат во подобрување на подвижноста
на зглобовите и олеснување на болните состојби поврзани со заболувања на зглобовите.
Употреба на НЕМ®/NEM® капсулите се препорачува:
За одржување на здравјето на зглобовите;
Како дополнување на исхраната кај тегоби со зглобовите проследени со болка, ограничена
подвижност и вкочанетост.
Начин на употреба:
Возрасни: една капсула дневно.
Првите ефекти од употребата на овој препарат можат да се очекуваат во рок од 7 до 10
дена редовно земање, а полн ефект после 30 дена.
НЕМ®/NEM® капсулите може да се земаат во континуитет.
Предупредувања:
Корисниците со познати здравствени проблеми, трудници и доилки, пред да започнат со
користење на овој препарат, треба да побараат совет од лекар или фармацевт.
Препаратот не треба да го користат лица со алергија на јајца.
Препорачаната дневна доза не смее да се пречекори.
Додатокот на исхраната не може да се користи како замена за разновидна исхрана.
Пакување:
30 капсули
Производител:
Pharmanova d.o.o.
Индустријска 8, 11500 Обреновац, Република Србија
Увозник и дистрибутер:
Превземете го упатството за употреба.pdf
