Помош кај тегоби предизвикани од хемороиди
ублажува болка, оток и јадеж во аналната регија
овозможува пријатно чувство на ладење
Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството.
• Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за
кои не е потребен совет од лекар. Меѓутоа, и покрај тоа, Аварикон® хемор крем треба да го употребувате
претпазливо (внимателно) за да Ви биде што повеќе од корист.
ШТО ПРЕТСТАВУВА И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД АВАРИКОН® ХЕМОР КРЕМ
Аварикон® хемор крем има смирувачки, антисептички и регенеративни својства погодни за нега на
иритираната и оштетена кожа и лигавицa на аналната регија.
Екстрактот од хамамелис (Hamamelis virginiana) е познат со децении по своите противоспалителни и
регенеративни својства, додека невенот (Calendula ocinalis) традиционално се користи за третман на рани
кои бавно зараснуваат, посекотини, гребаници, изгореници и сите други состојби во кои е неопходна
регенерација на кожата. Пантенолот ја негува и штити кожата од исушување, додека етеричното масло од
питомо нане (Mentha piperita oil) делува антисептички, ги ублажува тегобите и дава пријатно чувство на
ладење. Алантоинот има емолиентни својства, делува заштитно и смирувачки.
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД АВАРИКОН® ХЕМОР КРЕМ
Немојте да го употребувате граничниот производ Аварикон® хемор крем
Аварикон® хемор крем не смее да го користите ако постои пречувствителност на која било компонента на
препаратот.
Бидете посебно внимателни со граничниот производ Аварикон® хемор крем
Аварикон® хемор крем е наменет исклучително за надворешна употреба. Препаратот не смее да дојде во
контакт со очите.
Употреба со лекови и други медицински производи
Нема податоци
Земање на Аварикон® хемор крем со храна или пијалок
Нема податоци
Бременост и доење
Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако
сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.
Заради недостаток на податоци за делување во тек на бременоста и доењето, неопходно е консултирање со
лекар пред да го употребите Аварикон® хемор крем.
Влијаније врз способноста за управување моторно возило или ракување со машини
Нема податоци
Важни информации поврзани со некои од помошните компоненти во граничниот производ
Аварикон® хемор крем
Нема податоци
КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД АВАРИКОН® ХЕМОР КРЕМ
Се препорачува употреба 2 до 3 пати дневно, на чиста анална регија. Се истиснува околу 2 cm од кремот и се
нанесува директно на зафатените место, по можност после празнење на дебелото црево. После редовна
тоалета се препорачува употреба на АВАРИКОН® ХЕМОР влажни марамици кои дополнително ја чистат и
смируваат третираната регија. Кремот е наменет за надворешна употреба, кај возрасни лица.
Ако сте употребиле повеќе Аварикон® хемор крем од препорачаното
Нема податоци.
Ако сте заборавиле да земате Аварикон® хемор крем
Ако сте заборавиле да го намачкате кремот, направете го тоа кога ќе се сетите.
Ако наеднаш престанете да земате Aварикон® хемор крем
Нема никакви штетни дејства доколку нагло престанете со употреба на препаратот.
МОЖНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА
Како и сите медицински производи и Aварикон® хемор крем може да има несакани дејства, иако истите не се
јавуваат кај сите пациенти.
Доколку се јават тие се со поблаг карактер и се повлекуваат веднаш по престанокот на употребата на лекот.
Најчести несакани реакции се алергијски реакции, уртикарија, чешање.
Ако било кое од несаканите дејства стане тешко, или ако забележите некои несакани дејства кои не се
наведени во ова упатство, ве молиме кажете му на Вашиот лекар или фармацевт.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Што содржи граничниот производ Aварикон® хемор крем
100 g крем содржи:
Calendula ocinalis екстракт 4,0 g, Hamamelis virginiana екстракт 1,3 g, пантенол 1,0 g, алантоин 0,3 g,
етеричното масло од питомо нане 0,3 g.
Список на останати состојки:
Poloxamer 407, PEG-8, Paranum liquidum, Chlorhexidine digluconate, алкохол, динатриум фосфат, вода.
Како изгледа и што содржи пакувањето на граничниот производ Aварикон® хемор крем
Хомоген крем со кафеава до кафеаво-портокаловa бојa
Алуминиумска туба од 20 ml, во картонска кутија со упатство за употреба.
Производител на граничниот производ
Pharmanova d.o.o.
Индустријска 8, 11500 Обреновац, Република Србија
