ВИТАМИН КОЈ ШТО МУ НЕДОСТИГА НА СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК

Витаминот чиј што главен извор го гледаме штом ќе погледнеме на небото, но кој ни недостиа речиси на сите нас. Зошто е витамин D неопходен за нормално функционирање на имунитетот и како да бидеме сигурни дека го имаме во доволна количина?

Ретко кој витамин е толку дефицитарен кај современиот човек како што е витамин D. За да можеме да дадеме целосен одговор на прашањето зошто е така, мораме прво да знаеме што е витамин D.

Што е и како настанува витаминот D?

ВитаминD во многу нешта се разликува од другите витамини, а највеќе по тоа што неговиот примарен извор не е храната. Природно, овој витамин се синтетезира во кожата, под дејство на сончевите зраци, а само околу 10% витамин D во просек се внесува во организмот од намирници како лосос, туна, сардина, телешка џигерица, јајца и збогатено млеко.

Овој витамин има широки и разновидни корисни ефекти и позитивно влијае на многу функции во организмот. Иако се синтетезира во кожата и во помаламера се внесува преку храната во организмот, кај луѓе од различни старосни групи ширум светот постои дефицит на витамин D.

Зошто нам толку често ни недостига?

Еден одговор нуди фактот што современиот човек се поретко се изложува на сонце. Кај луѓето кои што живеат во деловите од светот со помала количина на сончева светлост во текот на годината, ова е и очекувано. Меѓутоа, проблемот лежи во тоа што дури и во сончевите краеви, сите ние поголемиот дел од денот го поминуваме во затворен простор- во канцеларии, во превоз или под сенките од облакодерите на градот. Кога со потребата да се изложиме на сонце ги вкрстиме предупредувањата на дерматолозите тоа да го правиме ретко и внимателно, ситуацијата дополнително се усложнува.

Другиот, иако помал дел од проблемот го прават рестриктивните диети, лошите нутритивни навики и свртувањето кон брзата храна – уште еднаш сѐ ова е карактеристично за модерниот начин на живот. Богатите извори на витамин D кои што ги наведовме не се толку присутни во секојдневната исхрана. Сега кога веќе знаеме зошто витаминот D денес е дефицитарен кај многу  луѓе, ајде да видиме зошто е тоа важно.

Зошто е толку важен витамин D?

Постојат три основни функции на витамин D: да го одржува здравјето на коските и забите, да овозможува нормално функционирање на мускулите и трето, но во последно време и најважно – да допринесува за нормалната функција на имунитетскиот систем.

Голем број на истражувања укажуваат на тоа дека суплементацијата на витаминот D и зголемувањето на неговата концентрација во организмот се поврзани со намалување на ризикот од многу хронични заболувања. Витаминот D првенствено е неопходен за апсорпцијата и правилното искористување на калциумот и фосфорот во организмот, што претставува основ за правилна изградба на коските и забите, но витаминот D е важен и за нормалната работа на мускулите и функцијата на имунитетскиот систем.

Витаминот D позитивно влијае на: мускулно-скелетниот, ендокриниот, имунитетскиот, кардиоваскуларниот, нервниот и респираторниот систем. Има позитивно влијание кај воспалителните болести на цревата, а новите студии укажуваат на поврзаност помеѓу хроничниот дефицит на витамин D и одредени автоимуни заболувања.

Влијанието на витаминот D на имунитетот е од посебно значење. Витаминот D е моќен сојузник на нашиот имунитет. Сезоналноста на голем број вирусни инфекции е поврзана со ниската концентрација на витамин D, како резултат на помалку сончеви зраци во текот на зимата и намалената синтеза на витаминот D во кожата. Витаминот D му помага на нашиот имунитетски систем да остане балансиран што е многу важно затоа што имунитетскиот систем го чува нашиот организам.

Како да знаете дали имате недостиг на витамин D?

Начин да се провери нивото на витамин D во организмот е да се направи анализа на крвта. 25-хидрокси витамин D е главна циркулирачка форма на витаминот D која што и покрај тоа што е резервоар за витамин D, се користи и за испитување на статусот на витаминот D кај луѓето.

Како да се обезбеди доволна количина на витамин D?

Одговорното изложување на сонце е најдобриот начин да се обезбеди соодветна количина на витамин D. Храната е само алтернативен извор на витамин D кај луѓето. Проблем е тоа што релативно поголемите количини на витамин D се наоѓаат само во маслото од рибно потекло, така што во некои земји со цел превенција на недостиг од витамин D се врши збогатување на различни видови храна.

Употребата на диететски суплементи се препорачува за лицата кај кои постои зголемен ризик од дефицит на витамин D, особено во зима кога е мала синтезата на витаминот D во кожата.

Токму со тоа на ум, ги развивме SolD3evit® i SolD3evit® 1000 – единствен витамин D кај нас кој доаѓа со практична пумпа за дозирање. Пумпата за дозирање овозможува лесно и прецизно дозирање. Посебно е развиен неутрален вкус кој што користењето на производот го прави прилагодлив за луѓе од различни старосни групи. Се препорачува како додаток на исхраната, заради спречување на дефицит на витамин D. За оние кои повеќе сакаат примена во капсули тука е SolD3evit®2000.

SolD3evit 1 капка/доза содржи 400 IU витамин D (холекалциферол)
SolD3evit 1000 1 капка/доза содржи 1000 IU витамин D (холекалциферол)
SolD3evit® 2000 1 капсила содржи 2000 IU витамин D (холекалциферол)

Бирајте добри сојузници во здравите навики и зајакнувањето на имунитетот.

Споделете го овој напис

Ние избираме за вас

За слобода на движењето

Линија на прозиводи за подобрување на подвижноста и олеснување на болните состојби на мускулно скелетниот

A-ЛИКСИР®400 ПРОТЕКТ

,,Standardized Aronia melanocarpa extract regulates redox status in patients receiving hemodialysis with anemia”, објавен во списанието ,,Molecular and Cellular Biochemistry”