Заштита на податоци на личноста
Ова известување се однесува на обработка на личните податоци од страна на ракувачите на ФАРМАНОВА ДОО Обреновац.
Ова известување се однесува на обработка на личните податоци од страна на ракувачите на ФАРМАНОВА ДОО Обреновац.
ФАРМАНОВА ДОО Обреновац ги обработува личните податоци само на оние носители на податоци со кои стапува во контакт заради вршење на својата деловна активност, било да ги прибира податоците директно од овие лица било преку нивните работодавачи, содоговарачи, деловни партнери или, каде што тоа е применливо, трети лица.
Податоците за личноста од страна на ФАРМАНОВА ДОО Обреновац се обработуваат секогаш во согласност со принципот ограничен рок на чување, во минимален временски период за исполнување на конкретната цел на друштвото.
I. Главните категории на носителите на податоци за личноста и видовите на податоци за личностана која се однесуваат правилата за обработка на личните податоци од страна на ФАРМАНОВА ДОО Обреновац ги вклучуваат, но не се ограничуваат, на следниве:
- Вработени и лица ангажирани вон работниот однос, бивши вработени и пензионери
Личните податоци на вработените лица и лица ангажирани вон работниот однос, како и личните податоци на бивши вработени и пензионери и членови на нивните семејства, ФАРМАНОВА ДОО Обреновац ги обработува, пред сѐ, со цел извршување и почитување на меродавните прописи кои го регулираат постапувањето со ваков вид податоци, вклучувајќи но не и ограничувајќи се на прописи од областа на трудот и евиденцијата од областа на трудот, пензиското, инвалидското, здравственото и социјално осигурување, даночните и сметководствените прописи, прописи од областа на безбедноста и заштита при работa, како и соодветните прописи кои ја регулираат обработката на податоците во фармацевтската индустрија и други сродни прописи. Податоците за вработените и други работно ангажирани лица се обработуваат исто така во мера во која тоа е потребно за да се склучи и изврши соодветен договор со овие лица. Податоците за овие категории лица се обработуваат и по основ на нивната согласност, секогаш кога е неопходно таквата согласност да се прибави според меродавните прописи, односно по основ на легитимен интерес, кога таков легитимен интерес постои.
- Лица кои се пријавуваат за вработување, односно ангажирање вон работниот однос
Податоците за лица кои се пријавуваат за вработување, односно ангажирање вон работниот однос или стручна пракса се обработуваат само во мера која е неопходна за да процесот на регрутација и селекција на кандидати биде спроведен на ефикасен начин, со уважување на интереситe на ФАРМАНОВА ДОО Обреновац и слободите,правата и интересите на кандидатите. На кандидатите кои не го поминале процесот на селекција, а чии податоци се прибавени за таа цел, им се овозможени сите права што ги имаат по основ на меродавните прописи.
- Лица кои пријавуваат несакани дејства на лекови
Личните податоци на лица кои пријавуваат несакани дејства на лекови се обработуваат исклучиво во согласност со позитивните прописи, што вклучува и извршување на договори со соодветните партнери.
- Стручна јавност
За обработка на личните податоци на лица кои ја сочинуваат стручната јавност ФАРМАНОВА ДОО Обреновац ја обезбедува нивната согласност, со цел обработка на лични податоци во рамките на интерните збирки кои се водат заради соработка со овие лица и остварување на комуникација. Согласноста на овие лица не е потребна доколку обработката на нивните лични податоци е неопходна за извршување на договорите што овие лица ги склучиле, како и заради почитување на одредени законски обврски кои се применуваат во ФАРМАНОВА ДОО, односно доколку личните податоци од оваа категорија во одредени ситуации се обработуваат врз основа на легитимен интерес на ФАРМАНОВА ДОО.
- Деловни соработници и физички лица ангажирани од страна на деловни соработници – правни лица
Со цел организација на работењето,ФАРМАНОВА ДОО прибира податоци за личноста на физички лица кои самостојно постапуваат, како и физички лица кои се вработени кај деловни партнери (правни лица) и потенцијални деловни партнери, односно лица кои кај нив се ангажирани по друг основ. Предметната обработка се врши заради склучување на овие договори и нивно извршување и исполнување на сите законски обврски што ФАРМАНОВА ДОО ги има во врска со тоа. Доколку договорната страна не е физичко лице, туку правно лице што го ангажирало, ФАРМАНОВА ДОО ќе има легитимен интерес да ги обработува личните податоци во мера во која тоа е неопходно за извршување на договорот. Доколку одредени податоци за личноста не се неопходни за склучување и извршување на договорот со конкретното физичко лице носител на податоците, таквите лични податоци можат да се обработуваат ако ФАРМАНОВА ДОО има легитимен интерес да ја врши конкретната обработка, бидејќи, во спротивно, извршувањето на договорот би било отежнато, a предметната обработка не ги загрозува правата ниту интересите на лицето на кого тие податоци се однесуваат. Податоците за личноста на деловните соработници и на физичките лица ангажирани од страна на деловните соработници можат, исто така, да се обработуваат ако тие лица дале валидна согласност за цел која не е во врска со извршувањето на договорот, а е во согласност со меродавните прописи.
- Физички лица со кои се одржуваат вообичаени и пригодни деловни и партнерски односи
Податоците за физички лица со кои се одржуваат вообичаени и пригодни деловни и партнерски односи, како со поединци така и со лица кои се ангажирани или претставуваат други правни лица, институции или органи на власта, ФАРМАНОВА ДОО ги обработува само во мера која е неопходна и примерена за оваа цел (праќање на прослави и настани, испраќање на промотивен материјал), и тоа со почитување на сите начела за обработка на податоците, меродавните прописи и интерните акти.
- Лица кои влегуваат во деловниот круг на ФАРМАНОВА ДОО
ФАРМАНОВА ДОО има легитимен интерес да ги обработува личните податоци на сите лица кои влегуваат во деловниот круг и деловните простории, без оглед на тоа на која локација се наоѓаат, како и да води евиденција за сите посети во согласност со меродавните прописи, вклучувајќи но не и ограничувајќи ги прописите кои го регулираат личното обезбедување и видео надзорот.
- Физички лица кои учествуваат во анкети и наградни игри
Податоците на физички лица кои учествуваат во одредени наградни игри, анкети или прашалници што ги организира ФАРМАНОВА ДОО се обработуваат или врз основа на легитимен интерес или врз основа на согласност на овие лица, во зависност од тоа кои категории лица учествуваат во конкретното испитување, за какво испитување станува збор, кој вид податоци за личноста се обработува и слично.
II Правата во поглед на заштита на податоците за личноста
- Право на известување за обработка и увид
Вработените и други лица на кои се однесуваат податоците имаат право да бидат известени за обработката на нивните лични податоци и право на пристап до нивните лични податоци (кое вклучува преглед, читање, слушање на податоците и правење на забелешки).
- Право на добивање копија
Вработените и други лица на кои се однесуваат податоците имаат право на издавање на копија на податоците од страна на ФАРМАНОВА.
- Права на лицата по повод извршениот увид
По извршениот увид од страна на лицата на кои се однесуваат податоците, истите имаат право да побараат од Фарманова исправка, дополнување, ажурирање, бришење на податоците, како и прекин и привремено запирање на обработката.
- Право на преносливост
Лицето на кое се однесуваат податоците може да побара од ФАРМАНОВА пренесување на личните податоци на друг ракувач, кога тоа е технички изводливо, односно кога личните податоци предмет на барањето за пренесување се наоѓаат во структуриран и машински читлив формат.
- Право на повлекување на согласноста
Во ситуации кога правниот основ за обработка на личните податоци е согласноста на лицето на кое се однесуваат податоците, тоа лице има право во кој било момент да ја повлече дадената согласност, и тоа во писмена форма. Исто така, лицето на кое се однесуваат податоците има право да се противи на обработката на податоците со цел директен маркетинг, како и да побара ограничување на обработката во некои други случаи. Кога лицето на кое се однесуваат податоците не е задоволно од одговорот на Фарманова на неговото барање за исполнување на правата во поглед на заштита на личните податоци, тоа има право да поднесе жалба до Повереникот за информации од јавно значење и заштита на податоци за личноста (https:/www.poverenik.rs/sr)
Лицето задолжено за заштита на податоци за личноста во Фарманова
- Jasmina Belovuković,
- jasmina.belovukovic@pharmanova.com
- 011/3093-819