Ублажува болка, оток и чувство на тешки нозе
помага кај пореметување на венската
циркулација на нозете
намалува пукање на капилари и појава на модрици
Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството.
• Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за
кои не е потребен совет од лекар. Меѓутоа, и покрај тоа, Аварикон® гел треба да го употребувате
претпазливо (внимателно) за да Ви биде што повеќе од корист.
ШТО ПРЕТСТАВУВА И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД АВАРИКОН® ГЕЛ
Аварикон® гел содржи комбинација на природни активни компоненти (троксерутин, сув стандардизиран
екстракт од лист на гинко, сув стандардизиран екстракт од лист на Centella asiatica) кои што ги намалуваат
тегобите настанати како последица на пореметената венска циркулација во нозете: оток, болка, грчеви,
трпнење и боцкање и чувство на “тешки нозе“.
Аварикон® гел се употребува и кај повреди на меки ткива на нозете (удари, истегнувања) пратени со болка,
отоци и појава на модринки.
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД АВАРИКОН® ГЕЛ
Немојте да го употребувате граничниот производ Аварикон® гел
Аварикон® гел не смее да го користите ако постои пречувствителност на која било компонента на
препаратот.
Бидете посебно внимателни со граничниот производ Аварикон® гел
Аварикон® гел е наменет исклучително за надворешна употреба, на неоштетена кожа. Да не се нанесува на
слузница, на отворени рани, и површини зафатени со егзем.
Употреба со лекови и други медицински производи
Нема податоци
Земање на Аварикон® гел со храна или пијалок
Нема податоцо Бременост и доење Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако
сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.
Заради недостаток на податоци за делување во тек на бременоста и доењето, неопходно е консултирање со
лекар пред да го употребите Аварикон® гел.
Влијание врз способноста за управување моторно возило или ракување со машини
Нема податоци
Важни информации поврзани со некои од помошните компоненти во граничниот
производ Аварикон® гел
Нема податоци
КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД AВАРИКОН® ГЕЛ
Аварикон® гелот се нанесува во тенок и воедначен слој 2 до 4 пати на ден на заболените места на нозете,
со лесна масажа, од долу према горе.
Ако сте употребиле повеќе Аварикон® гел од препорачаното
Нема податоци
Ако сте заборавиле да земете Aварикон® гел
Ako сте заборавиле да го намачкате гелот, направете го тоа кога ќе се сетите.
Ако наеднаш престанете да земате Аварикон® гел
Нема никакви штетни дејства доколку нагло престанете со употреба на гелот Аварикон.
МОЖНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА
Како и сите медицински производи и Аварикон® гел може да има несакани дејства, иако истите не се јавуваат
кај сите пациенти.
Доколку се јават тие се со поблаг карактер и се повлекуваат веднаш по престанокот на употребата на лекот.
Најчести несакани реакции се алергијски реакции, уртикарија, чешање.
Ако било кое од несаканите дејства стане тешко, или ако забележите некои несакани дејства кои не се
наведени во ова упатство, ве молиме кажете му на Вашиот лекар или фармацевт.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Што содржи граничниот производ Аварикон® гел
100 g од гелот содржи:
Троксерутин 3 g,
Ginkgo biloba сув стандардизиран екстракт од листот 0,15 g (мин. 24% флавоноидни гликозиди и мин. 6%
терпени)
Centella asiatica сув стандардизиран екстракт од листот 0,10 g (мин. 40% вкупни тритерпени)
Список на останати состојки:
Метилпарабен; пропилпарабен; натриум едетат; изопропил алкохол; натриум хидроксид; полиакрилна
киселина; вода, пречистена q.s до 100 g
Како изгледа и што содржи пакувањето на граничниот производ Aварикон® гел
Проѕирен, хомоген гел, со жолта боја,
Пластична туба од 75 ml, во картонска кутија со упатство за употреба
Производител на граничниот производ
Pharmanova д.о.о.
Индустријска 8, 11500 Обреновац, Република Србија
