Ублажува болка, оток и чувство на тешки нозе
помага кај пореметување на венската циркулација на нозете
делотворан кај повреди на меки ткива (удари, истегнувања) обогатен со пантенол
Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството.
• Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за
кои не е потребен совет од лекар. Меѓутоа, и покрај тоа, Аварикон® крем треба да го употребувате
претпазливо (внимателно) за да Ви биде што повеќе од корист.
ШТО ПРЕТСТАВУВА И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД АВАРИКОН® КРЕМ
Аварикон® кремот содржи активна супстанциа троксерутин која што ги намалува тегобите настанати како
последица на пореметената венска циркулација во нозете: оток, болка, грчеви, трнење и боцкање и чувство
на “тешки нозе“.
Аварикон® содржи и активна супстанциа декспантенол која што воспоставува природна влажност, мекост и
еластичност на кожата и ги стимулира регенеративните процеси па е посебно погоден за употреба кај сува и
испукана кожа.
Аварикон® крем се употребува и кај повреди на меки ткива на нозете (удари, истегнувања) пратени со болка,
отоци и појава на модринки.
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД АВАРИКОН® КРЕМ
Немојте да го употребувате граничниот производ Аварикон® крем
Аварикон® крем не смее да го користите ако постои пречувствителност на која било компонента на
препаратот.
Бидете посебно внимателни со граничниот производ Аварикон® крем
Аварикон® крем е наменет исклучително за надворешна употреба, на неоштетена кожа. Да не се нанесува на
слузница, на отворени рани, и површини зафатени со егзем.
Употреба со лекови и други медицински производи
Нема влијание
Земање на Аварикон® крем со храна или пијалок
Нема влијание
Бременост и доење
Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако
сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.
Пред да почнете со земање на некој лек, советувајте се со својот лекар или фармацевт
Заради недостаток на податоци за делување во тек на бременоста и доењето, неопходно е консултирање со
лекар пред да го употребите Аварикон® крем.
Влијаније врз способноста за управување моторно возило или ракување со машини
Не е докажано
Важни информации поврзани со некои од помошните компоненти во граничниот
производ Аварикон® крем
Нема податоци КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД АВАРИКОН® КРЕМ
Аварикон® крем се нанесува во тенок и воедначен слој 2 до 4 пати на ден на заболените места на нозете, со
лесна масажа, од долу према горе.
Ако сте употребиле повеќе Аварикон® крем од препорачаното
Нема податоци.
Ако сте заборавиле да земете лекот Aварикон® крем
Ako сте заборавиле да го намачкате кремот, направете го тоа кога ќе се сетите.
Ако наеднаш престанете да земате Аварикон® крем
Нема никакви штетни дејства доколку нагло престанете со употреба на кремот Аварикон® МОЖНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА
Како и сите медицински производи и Aварикон® крем може да има несакани дејства, иако истите не се
јавуваат кај сите пациенти.
Доколку се јават тие се со поблаг карактер и се повлекуваат веднаш по престанокот на употребата на кремот.
Најчести несакани реакции се алергијски реакции, уртикарија, чешање.
Ако било кое од несаканите дејства стане тешко, или ако забележите некои несакани дејства кои не се
наведени во ова упатство, ве молиме кажете му на Вашиот лекар или фармацевт
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Што содржи граничниот производ Aварикон® крем
100 g од кремот содржи:
Троксерутин 3 g
Декспантенол 2 g
Список на останати состојки:
вода, пречистена; вазелин; цетостеарил алкохол; натриум цетостеарил сулфат; изопропилмиристат;
парафинско масло; децил олеат; метилпарабен; пропилпарабен; етерско масло од лаванда. Како изгледа и што содржи пакувањето на граничниот производ Aварикон® крем
Хомоген крем со жолта боја, со карактеристична миризба на лаванда
Пластична туба од 75 ml, во картонска кутија со упатство за употреба
Производител на граничниот производ
Pharmanova д.о.о.
Индустријска 8, 11500 Обреновац, Република Србија
