ГастроРегулар® Глутен


Кај отежнато варење на глутен
и чувство на:

  • надуеност
  • грчеви
  • недоволна испразнетост на цревата

Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитајте го упатството. • Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребен совет од лекар. Меѓутоа, и покрај тоа, ГастроРегулар Глутен треба да го употребувате претпазливо (внимателно) за да Ви биде што повеќе од корист.

ШТО ПРЕТСТАВУВА И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД

ГастроРегулар Глутен ГастроРегулар Глутен се користи кај отежнето варење на глутен и симптоми на гастроинтестинална нелагодност (надуеност, грчеви, чувство на недоволна испразнетост на цревата). ГастроРегулар Глутен содржи протеолитички ензими, ендопептидази и егзопептидази, кои ги разградуваат внатрешните и надворешните пептидни врски во протеините, вклучително и глутенот од внесената храна. Пептидните врски присутни во глутенот на овој начин се разградуваат до ниво на аминокиселини кои организмот полесно ги вари. Вака се намалува штетното влијание на глутенот на организмот и спречуваат понатамошни оштетувања на организмот.

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД

ГастроРегулар Глутен Немојте да го употребувате граничниот производ ГастроРегулар Глутен: – во случајот на позната преосетливост на активната состојка или на било која од помошните состојки на препаратот (наведени во делот 6); Бидете посебно внимателни со граничниот производ ГастроРегулар Глутен: – ако сте склони кон алергии и веќе сте имале некоја алергиска реакција на лекови; – ако сте бремени или ако доите; – употребата на производот не се препорачува кај деца; – производот не е наменет за дијагностицирање, превенција или лечење на целијачна болест или било кое друго заболување на дигестивните органи, нити е замена за безглутенска исхрана. Употреба со лекови и други медицински производи: Нема податоци за взаемни дејства со лекови и други производи. Земање на ГастроРегулар Глутен со храна или пијалок Досега нема никакви сознанија за влијанието на храната на делувањето на овој граничен производ. Бременост и доење Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост. Поради недоволен број на податоци за употреба во текот на бременоста и доењето, земање на производот не се препорачува. Влијание врз способноста за управување моторно возило или ракување со машини Нема податоци за влијанието на ГастроРегулар Глутен врз способноста за возење или ракување со машини. Важни информации поврзани со некои од помошните компоненти во граничниот производ ГастроРегулар Глутен Не е употребливо. УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА 20 капсули

КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД

ГастроРегулар Глутен Секогаш употребувајте ГастроРегулар Глутен според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар. Возрасни: 1 капсула непосредно пред или во тек на оброк кој содржи глутен Ако сте употребиле повеќе ГастроРегулар Глутен од препорачаното Не земајте поголеми дози од препорачаните за вас. Симптоми на труење со протеолитички ензими не се познати. Ако сте заборавиле да земете ГастроРегулар Глутен Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Земете ја пропуштената доза што е можно поскоро, освен ако не е блиску времето на земање на следната доза. Во таков случај, не ја земајте пропуштената доза. Во случај на било какви нејаснотии или прашања поврзани со употребата на овој граничен производ, обратете се на Вашиот лекар или фармацевт. Ако наеднаш престанете да земете ГастроРегулар Глутен Не се очекуваат никакви посебни појави. МОЖНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА Како и сите медицински производи и ГастроРегулар Глутен може да има несакани дејства, иако истите не се јавуваат кај сите пациенти. Нема податоци за појавување на несакани дејства за време на употребата на препаратот во препорачаните дози. Ако било кое од несаканите дејства стане тешко, или ако забележите некои несакани дејства кои не се наведени во ова упатство, ве молиме кажете му на Вашиот лекар или фармацевт.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Што содржи граничниот производ ГастроРегулар Глутен Една капсула содржи: Мешавина од протеолитички ензими (Glutalytic®): Протеаза (вкупна активност 75000 HUT) Аспергилопепсин (500 SAPU) Протеаза DPPIV (125 DPPIV) ……………………………………………….………………………………350 mg Список на останати состојки: желатин, средство против згрутчување магнезиум стеарат, боја Е 171 Како изгледа и што содржи пакувањето на граничниот производ ГастроРегулар Глутен Тврди желатински капсули со бела боја, исполнети со прашок крем боја. ПВЦ/Алу блистер со 10 капсули, 2 блистери во кутија

Производител на граничниот производ

Pharmanova d.o.o., Индустријска 8, Обреновац, Република Србија