Утиеманоз® Директ

  • Превенција на инфекции
  • хронични инфекции
  • инфекции поврзани со полов однос

Пред употреба на граничниот производ, внимателно прочитај го упатството • Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребен совет од лекар. Меѓутоа, и покрај тоа, Утиеманоз® треба да го употребувате претпазливо (внимателно) за да Ви биде што повеќе од корист.

ШТО ПРЕТСТАВУВА И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД Утиеманоз® директ Утиеманоз® директ е наменет за лица со уринарни инфекции предизвикани од бактеријата E. coli, како и кај лица кај кои се присутни чести рекурентни уринарни инфекции предизвикани од оваа бактерија. Утиеманоз® директ помага во третман и превенција на уринарни инфекции предизвикани од бактеријата E. coli, благодарение на својот сложен состав и адитивниот механизам на дејство и ги олеснува тегобите и ја намалува осетливоста на уринарниот систем, посебно кај лица кај кои дошло до појава на преосетливост заради чести инфекции и воспаленија. Утиеманоз® директ може безбедно да се употребува во текот на подолго време, па затоа посебно се препорачува за одржување на здравјето и отпорноста на мочните патишта. Д-манозата која влегува во состав на препаратот е природен, прост шеќер, кој се ресорбира повеќекратно побавно од гликозата, минимално се метаболизира и после апсорпцијата преку желудникот и горните делови на системот за варење, неизменет доаѓа во бубрезите и мочните канали, и по тој пат со мокрење се исфрла од организмот (во рок од неколку саати од моментот на земање). Својата активност ја заснова на особината цврсто да се врзува за површинските изданоци на бактеријата Escherichia coli (E. coli), повеќекратно посилно отколку што бактеријата се врзува за површината на уринарниот систем. Со тоа се спречува можноста за врзување на бактеријата за внатрешната површина на уринарниот систем. Бактериите кои се врзани за Д-маноза по механички пат, со мокрење, се исфрлаат од организмот. ElliroseTM екстрактот од овој препарат е патентиран екстракт добиен од цветот на хибискус (Hibiscus sabdaria), кој својата активност ја заснова на делувањето на активните компоненти на екстрактот и нивните метаболити на причинителите на инфекции на уринарниот систем и поттикнувањето на нивната елиминација.

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД Утиеманоз® директ Не го употребувате граничниот производ Утиеманоз® директ – во случај на позната пречувствителност на која било состојка од производот Бидете посебно внимателни со граничниот производ Утиеманоз® директ – ако сте склони кон алергии и веќе сте имале некоја алергиска реакција на лекови – ако сте дијабетичар – ако сте бремени или ако доите – употреба на производот не се препорачува кај деца – ако имате воспалителна болест на зидот на цревата, состојби кои водат до отежната апсорпција на храна од дигестивниот тракт (целиакија, Crohn-ова болест, Whipple-ова болест), присуство на голем број бактерии (посебно E. coli или Salmonella) или инфекции со паразити (Giardia, Ancylostoma i Necator), можат да имаат проблем со апсорпција на активните состојки во уринот. Во тој случај треба да се зголеми дозата или зачестеноста на примена на производот. Употреба со лекови и други медицински производи Нема податоци за взаемни дејства со лекови и други производи. Земање на Утиеманоз® директ со храна или пијалак Досега нема никакви сознанија за влијанието на храната на делувањето на овој граничен производ. Бременост и доење Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земате било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост. Заради недоволен број на податоци за употреба во текот на бременоста и доењето, земање на производот не се препорачува. Влијание врз способноста за управување моторно возило или ракување со машини Нема податоци за влијанието на Утиеманоз® директ врз способноста за возење или ракување со машини. Важни информации поврзани со некои од помошните компоненти во граничниот производ Утиеманоз® директ Нема податоци

КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД Утиеманоз® директ Возрасни: Содржината на една кесичка може да се растопи директно во устата или да се раствори во 50 – 100 ml вода. прашокКај уринарни инфекции предизвикани од бактеријата E. coli: На секои 6 – 8 саати земете по една кесичка од препаратот, најдобро пред јадење, во текот на 3 – 4 дена. Помеѓу употребата на препаратот се препорачува внесување на адекватна количина на вода од 350 до 400 ml. Цел на употребата на Утиеманоз® директ е остварување на неопходна концентрација на активни компоненти и плакнење на бактериите со млаз на урина, во текот на неговото излачување. Напомена: Доколку после два дена употреба на препаратот пациентот не почувствува знаци на подобрување, препорака е да се консултира со својот лекар. Како помош во превенција на уринарни инфекции предизвикани од бактеријата E. coli: Утиеманоз® директ може да се користи како помош во превенција на нови инфекции, како и кај оние кои често се повторуваат. Препорака е да се земаат редовно во тек на два до три месеци, една до две кесички дневно. Како помош во превенција на уринарни инфекции предизвикани од бактеријата E. coli кои се поврзани со полов однос: Утиеманоз® директ може да се користи како помош во превенција на инфекции кои се во врска со половиот однос. Земете една кесичка од препаратот еден саат пред половиот однос и една кесичка непосредно после половиот однос. Препорака е да се измокри после половиот однос. Ако и после препорачаниот начин на употреба се јават симптоми на воспаление, препорака е да се зема по една кесичка на секои 6 -8 саати, најдобро пред јадење, во текот на 3 до 4 дена. Напомена: Жените почесто заболуваат од инфекции предизвикани од бактеријата E. coli кои се поврзани со половиот однос. Кај мажите, симптомите на воспаление на мочните патишта може да бидат поврзани со болестите на простатата. Во ситуации кога симптомите се и понатаму присутни и после иницијалната примена на препаратот се препорачува консултација со лекар. Ако сте употребиле повеќе Утиеманоз® директ од препорачаното Не земајте поголеми дози од препорачаните за вас. Симптоми на труење не се познати. Ако сте заборавиле да земете Утиеманоз® директ Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Земете ја пропуштената доза што е можно поскоро, освен ако не е блиску времето на земање на следната доза. Во таков случај, не ја земајте пропуштената доза. Во случај на било какви нејаснотии или прашања поврзани со употребата на овој граничен производ, обратите се кај Вашиот лекар или фармацевт. Ако наеднаш престанете да земате Утиеманоз® директ Не се очекуваат никакви посебни појави. МОЖНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА Како и сите медицински производи и Утиеманоз® директ може да има несакани дејства, иако истите не се јавуваат кај сите пациенти. Од несакани ефекти ретко може да се јави епигастрична болка, вртоглавица и дигестивни тегоби.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Што содржи граничниот производ Утиеманоз® директ

Една кесичка содржи: Д-маноза…………………………………………………………………………………….1,80 g ElliroseTM екстракт (сув екстракт од цвет од хибискус Hibiscus sabdaria, најмалку 45 % фенолни соединенија од што 5% самбубиозид)……………………………………………………………………………….0,05 g Останати состојки: арома на брусница Како изгледа и што содржи пакувањето на граничниот производ Утиеманоз® директ Десет кесички со упатство за употреба во картонска кутија која се склопува. Производител на граничниот производ Pharmanova d.o.o. Индустријска 8, Обреновац, Република Србија

 

 

 

 

100 %

Безбеден шопинг

До 48 часа

на вашата домашна адреса

100 %

Безбеден шопинг

До 48 часа

на вашата домашна адреса