Utisept
додаток на исхрана
Иновативно решение за проблеми со уринарниот тракт
Состав:
Eдна капсула содржи
Активна супстанца:
Elliroseтм екстракт (сув екстракт од цвет од Hibiscus sabdaria, со најмалку
50% фенолни соединенија, од кои 5% се самбубиозиди) 100 mg
Помошни супстанци:
Желатин; средства против згрутчување: микрокристална целулоза, талк,
магнезиум стеарат, силициум диоксид; бои Е 171.
Својства:
Препаратот Утисепт® содржи патентиран растителен екстракт Elliroseтм,
добиен од цвет од хибискус (Hibiscus sabdaria), кој претставува иновативно
решение, наменето за уринарниот тракт. Активноста се заснова на делување
на компонентите на екстрактот и неговите метаболити кои по земањето на
препаратот се елиминираат преку уринарниот тракт. Утисепт® ги олеснува
тегобите и ја намалува осетливоста на уринарниот тракт, посебно кај лица кај
кои дошло до развој на преосетливост на мочните патишта после чести
инфекции и воспалувања. Како додаток на исхраната, Утисепт® е безбеден и
во тек на долга употреба, па посебно се препорачува како помош за
зачувување на здравјето и отпорноста на мочните патишта.
Употреба:
Возрасни: 2 пати дневно по една капсула да се испие со чаша вода.
Препорачаната дневна доза не смее да се пречекори.
Предупредувања:
Несакани ефекти: ретко може да се јави епигастрична болка, вртоглавица
и дигестивни тегоби. Бремените и доилките пред употреба треба да се
посоветуваат со својот лекар. Не се препорачува кај лица чувствителни на
некоја од состојките.
Овој производ е додаток на исхрана и не треба да се употребува како
замена за вкупна и балансирана исхрана.
Пакување:
30 капсули
Производител:
Pharmanova d.o.o.
Индустријска 8, Обреновац, Република Србија