Фортелакс®

сируп додаток на исхраната екстракт од лист од сена

Состав:
5 ml содржи:
Активна супстанца:
Сув екстракт од лист од сена (Senna angustifolia) со 45% хидроксиантраценски деривати,
пресметано како сенозид Б 22,22 mg
Останати состојки: концентриран етанол, згуснувач глицерол, сахароза, конзерванс калиум
сорбат, етарско масло од анис и пречистена вода


Својства:
Фортелакс® содржи сув екстракт од лист од сена (Senna angustifolia) со дихидроантрахинонски
хетерозиди во својот состав. Најважни меѓу нив се хетерозидите од диантронски тип, под назив
сенозиди.
Употреба:
Кај адолесценти постари од 12 години, возрасни и постари лица: 1 лажиче (5 ml) еднаш дневно,
навечер, со полна чаша вода.
Производот се користи 2-3 пати неделно, најдолго во тек на 2 недели.
Препорачаните дневни дози не смеат да се пречекорат.
Би требало да се избегнува долготрајна примена на производот.
Предупредувања:
Производот не е наменет за деца и адолесценти помлади од 12 години, како ни за примена во
текот на бременост и доење.
Производот не смее да се користи во случај на зголемена чувствителност на која било
компонента во неговиот состав, кај болести на цревниот тракт како и кај стомачни болки од
непознато потекло.
Несакани ефекти:
Во текот на употребата на препаратот може да се јават несакани дејства како што се реакции на
пречувствителност и гастроинтестинални тегоби (мачнина, повраќање, болка во стомакот,
грчеви и дијареја, посебно кај лица со иритабилен колон).
Доколку се јават грчеви, треба да се редуцира количината на сируп. Во текот на употреба на
производи со лист од сена исто така може да дојде до обојување на уринот до жолта или
црвено-кафеавкаста боја, како и до пигментација на лигавицата на дебелото црево што е од
минлив карактер и престанува после користењето на производот.

Пакување:
Шишенце со 75 ml


Производител:
Pharmanova d.o.o., Индустријска 8, Обреновац, Република Србија