Некои зголемувања треба да се контролираат!
- За здравје на простатата
- Со селен
Капсулите UtiBHP содржат Plasys 300® и селен.
Plasys 300 ® е стандардизирана мешавина од сув екстракт на полен од ‘рж (Secale cereale) и бета-ситостерол од кора од бор (Pinus spp.) 300 mg (150 mg бета-ситостерол и 3 mg есенцијални амино киселини)
Селен 55μg
БХП
Бенигна хиперплазија на простатата претставува зголемен раст на клетките на простатата и последователно зголемување на волуменот на жлездата, што може да доведе до опструкција на уретрата и отежнато празнење на мочниот меур.
Кои се симптомите на БПХ?
Клиничките манифестации на оваа болест, т.е. симптомите се манифестираат во форма на често мокрење во текот на ноќта, отежнат почеток на мокрење, прекин на млазот на урината, капење на урина на крајот од мокрењето, напор за започнување и одржување на мокрењето, чувство дека мочниот меур не е целосно испразнет, како и итно мокрење. Овие симптоми се нарекуваат симптоми на долниот уринарен тракт – LUTS.
UtiBHP
Екстрактот од полен од ‘рж помага за одржување на здрава простата и мочен меур кај мажите. Есенцијалните амино киселини од полен од ‘рж од екстрактот Plasys 300®, кој е дел од составот на UtiBHP, имаат антиинфламаторно (антивоспалително) дејство. Бета-ситостеролите од екстрактот Plasys 300® помагаат во инхибирање на ензимот 5-α-редуктаза, кој е одговорен за регулација на нивото на тестостерон, со што се намалува нивото на тестостерон во простатата, и ги олеснува симптомите на бенигна хиперплазија. Истовремено, овие супстанции помагаат во инхибиција растот на клетките на простатата. Дејството на активните компоненти од екстрактот Plasys, правилната и континуирана употреба на UtiBHP доведува до инхибиција на зголемувањето на простатата и подобрување на симптомите на LUTS: фреквенција, ноктурија, итност, складирање, чувство на нецелосно празнење.
Селенот придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес и за нормална сперматогенеза.
Препорака:
Капсулите UtiBHP се наменети за мажи како помош во одржување на здрава простата и мочен меур кај мажи со проблеми предизвикани од бенигно зголемување на простатата.
Употреба:
Возрасни: Една капсула дневно, независно од оброкот
