НАШАТА ПОЛИТИКА

Препознатлив квалитет е причината за повеќегодишната доверба на нашите потрошувачи

ФАРМАНОВA д.o.o., друштво за производство на фармацевтски производи, е домашна фармацевтска куќа која од 1996-а година се занимава со производство на лекови, диететски производи – додатоци на исхраната, медицински средства и предмети за општа употреба. Нашите производи со години ја стекнуваат довербата на потрошувачите со својот препознатлив квалитет, така што и името на нашата компанија, со тек на време, стана симбол на квалитетно производство и динамично работење.

Вложувајќи во производствената постројка во Обреновац и обуката на кадрите, обезбедивме услови за работење во согласност со барањата и насоките на Добрата производствена пракса. На тој начин му обезбедуваме на пазарот препарати со врвен квалитет, произведени под контролирани услови. Развојот на организацијата ФАРМАНОВA д.o.o. како производител на генерички лекови и освојувањето на лидерска позиција во Србија во производството на додатоци на исхраната се нашите врвни приоритети, чијашто реализација ја следиме преку следењето на уделот на пазарот.

Градење на деловен успех, развој и унапредување на задоволството на корисниците и мотивацијата на сите вработени се во основата на исполнувањето на следните наши стратешки цели:

Во исполнувањето на поставените цели, сите вработени го даваат својот личен придонес за воведувањето, доследната примена и постојаното подобрување на:

Белград, 30.09.19

Александра Мириќ

Директор