Утидрај®

Utidry

Состав:
Една капсула содржи:
Активна состојка:

DropsordryTM (стандардизирана мешавина на сув екстракт oд семе од
тиква, Cucurbita pepo и изофлавон од семе од соја, Glycine Max со мин.
4,5 % изофлавон и мин.1,75 % ентеродиол) 500 mg (22,5 mg изофлавон и
8,75 mg ентеродиол)
Состојки: DropsordryTM (стандардизирана мешавина на сув екстракт од
семе од тиква, Cucurbita pepo и изофлавон од семе од соја, Glycine Max
со мин. 4,5 % изофлавон и мин. 1,75 % ентеродиол), желатин, боја E171,
средство против згрутчување магнезиум-стеарат.


Својства:
Utidry® е природен препарат кој содржи растителни екстракти со
стандардизиран квалитет: екстракт од семе од тиква со активни
компоненти ентерогалол и пирогалол и фитоестрогени (изофлавони)
од семе од соја, од кои најважни се генистин и генистеин.


Употреба:
Жени постари од 18 години: Два пати дневно по една капсула првите
четири недели, потоа една капсула дневно следните 20 недели.
Првите значајни ефекти од примената на UTIDRY® капсули можат да се
очекуваат после два месеци редовна примена, коишто подразбираат
употреба два пати дневно по една капсула четири недели во
континуитет, потоа една капсула дневно следните четири недели. За
постигнување на целосна ефикасност на препаратот се препорачува
употреба до 24 недели во континуитет, според претходно наведеното
упатство.
Предупредувања:
Производот не смеат да го користат лица пречувствителни на која било
состојка од производот, на мешунки, на полен од бреза, на кикирики и
на друг вид храна заради можноста од вкрстена алергиска реакција,
жени со историја од естроген зависни тумори или каков било ризик од
канцер на дојка. Производот не е наменет за трудници, доилки, лица
помлади од 18 години, жени со заболувања на црниот дроб или
историја на хормонални или гинеколошки заболувања. Од несакани
ефекти можат да се појават повремени тегоби во гастроинтестиналниот
тракт (болка во стомакот, дијареја, повраќање); контактен дерматитис,
атописки дерматитис и сл.; пониско ниво на естрогенот и продолжен
менструален циклус доколку исхраната е посебно богата со соја.
Utidry додаток на исхраната3203336-1
Можни се интеракции со некои лекови како што е левотироксин,
варфарин, железо, тамоксифен, хормонска суптициона терапија.
Оттука, пред започнувањето на примената на овој производ, потребна
е консулација со лекар.
Препорачаните дневни дози не смеат да се пречекорат.
Додатоци на исхраната не се замена за здрава и урамнотежена исхрана.
Урамнотежената и разновидна исхрана, како и здравиот начин на
живот се важни за вашето здравје.

Пакување:
30 капсули


Производител:
Pharmanova д.o.o., Индустријска 8,
11500 Oбреновац, Република Србија

 

Превземете го упатството за употреба