OстеоК2®

OsteoK2

ВИТАМИН К2, ВИТАМИН Д3
И КАЛЦИУМ:

придонесува за одржување
на нормални коски

ОстеоК2 е единствена формулација која
покрај калциумот и витаминот Д3 содржи
менахинон со потекло од K2Vital® – Delta
микрокапсулирани витамин К2 МК-7.


Што е ОстеоК2 и како делува?
Сите три микронутриенти во состав на
препаратот се потребни за одржување на
нормални коски.
Калциумот е минерал неопходен за раст и
јакнење на коските, а витаминот Д3 ја
овозможува ресорпцијата на калциумот
од цревата.
Улогата на витаминот К2 во одржување на
здравјето на коските, проучувана е во
текот на последните две децении. Сега е
познато и докажано дека витаминот К2 е
неопходен за правилно искористување
на ресорбираниот калциум и негово
потполно вградување во коските.
Витаминот К2 е неопходен за активација
на протеините потребни за врзување
на калциумот и неговото правилно
искористување – Остеокалцин и MatrixGla
протеини. Доколку овие протеини не
се активирани не можат да го врзат
калциумот. Витаминот К2 делува како
кофактор на процесот на активација –
активираниот Остеокалцин успешно го
врзува калциумот и потполно го вградува
во хидроксиапатит, неорганскиот матрикс
на коската; активираниот MatrixGla
протеин го врзува калциумот и го
отстранува од крвните садови и меките
ткива.


За кого е наменет ОстеоК2?
ОстеоК2 се препорачува на сите постари
лица и лица од средно животно доба,
посебно на жени, за зачувување на
здравјето на коските.


Како се употребува ОстеоК2?

Содржина на дневно внесување 2 таблети %НРВ*
Калциум 400 mg 50%
Витамин К 45 µg 60%
Витамин Д 5 µg 100%
*НРВ – нутритивен референтен внес

Препорачано внесување за возрасни
е две таблети дневно, со чаша вода со
оброк.


Состојки:
Калциум-карбонат, средства за
зголемување на волумен калциумфосфат и микрокристална целулоза,
малтодекстрин, средство за обложување
хидроксипропилметилцелулоза, боја
титан-диоксид, сахароза, средство
против згрутчување магнезиум-стеарат,
стабилизатор арапска гума, средство
против згрутчување талк, пченичен
скроб, средство за обложување
хидроксипропилцелулоза, билно масло,
менахинон со потекло од K2VITAL® Deltaмикрокапсулиран витамин К2 МК-7,
холекалциферол.
Предупредувања:
Не се препорачува на лица чувствителни на
некоја од состојките.
Се препорачува внимателност кај лица кои
земаат антикоагулантна терапија, бремени
и доилки. Во овие случаи неопходна е
консултација со лекар пред земање на
препаратот. Овој производ е додаток на
исхрана и не треба да се употребува како
замена за вкупна и балансирана исхрана.
Да не се надминуваат препорачаните
дневни дози.


Пакување:
Кутија со 60 таблети.


Производител:
Sanotact GmbH., Hessenweg 10, Munster,
Германија


Пакува:
Pharmanova d.o.o., Индустријска 8,
11500 Обреновац, Република Србија

100 %

Безбеден шопинг

До 48 часа

на вашата домашна адреса

100 %

Безбеден шопинг

До 48 часа

на вашата домашна адреса